Битола: Повредена старица откако возило удрило во неа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 06.03.2020 во 11.55 часот на излез од паркинг простор на ул.„Васко Карангелевски“ во Битола, патничко возило „нисан“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.К.С.(44) од Битола, удрило во пешакот З.К.(82) од Битола. Во незгодата, З.К. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничка болница Битола за укажување лекарска помош.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Битола.