Битолската Зоолошка градина наскоро ќе добие лавчиња и кенгурчиња

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Милошоски: Заев потврди дека на Македонија и треба нова Влада, власта нема капацитет да излезе од кризата

Во денешната изјава од Охрид, Антонијо Милошоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во македонското Собрание, на...

Заев најави можна соработка со опозицијата: Сакам да отворам дебата за заедничка власт и Влада!

Премиерот Зоран Заев изјави дека е подготвен да разговара со опозицијата за идно формирање на Влада за национален спас....

Во моментов низ инфективните одделенија и болниците се лекуваат 795 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 492 пациенти...

Концерт во Израел, на трибините смеат само вакцинирани

Повеќе стоици лица кои се вакцинирани против коронавирусот, присуствувале во петокот на концерт на отворено, кој го организирала управата...

Рамчиловиќ: Формирањето една изборна единица од исклучително значење за македонската демократија

Пратеникот во Собранието, Зеќир Рамчиловиќ даде поддршка на предлог законот за измени на Изборниот законик со кој се предвидува...

Битолската Зоолошка градина наскоро ќе добие две лавчиња, кенгурчиња и други диви животни со што ќе се зголеми животинскиот фонд од над 100 диви животни колку што во моментов има таа општинска установа.

Новите животни се очекува да пристигнат од Швајцарија, најави директорот на битолската Зоолошка градина, Марјан Наловски.

-Животинскиот фонд пред извесно време го збогативме со црни лебеди, пони-коњче, мајмуни-патаси, црна овца, брадеста овца, а наскоро ќе пристигнат две лавчиња, кенгурчиња и други диви животни. Новите животни ги обезбедивме благодарение на нашата соработка и пријателски односи со една зоолошка градина од Швајцарија. Паралелно и на високо ниво ја негуваме соработката со Зоолошката градина во Белград и од таму очекуваме да добиеме лав и лавица, посочи Наловски.

Од битолската Зоолошка градина информираат дека ниските температури на воздухот не влијаат врз здравјето на животинскиот свет кој се чува и негува во градината.

– Животните кои имаат потреба од повисока температура во своите живеалишта се згрижени. Австралиските лебеди, штрковите, нилскиот коњ, мајмуните…сите се со обезбедена соодветена температура на воздухот во нивните живеалишта и како за нив, така и за останатите животни имаме храна и резерви од храна. Сите животни се живи и здрави, односно зимава не се случи нити едно угинување на животно. Во овој период од годината посетеноста е задоволителна и истата се остварува со примена на мерки за заштита од Ковид-19, односно секој посетител носи маска или го предупредуваме за таа обврска, појасни Наловски

Во текот на оваа година битолската Зоолошка градина ќе ја заврши реконструкцијата на административниот објект, со донација на бизнис секторот ќе бидат обновени живеалиштето на мечките и други животни, а продолжува и креативната соработка со невладиниот сектор. Менаџерскиот тим е во очекување да добијат согласност од Министерството за финансии за нови вработувања со што бројот на засега десеттината вработени би се зголемил со цел поголема ефикасност во работењето на таа општинска установа.