Бизарна ситуација: Фудбалерите туркаат амбулантно возило преку теренот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Натпреварот помеѓу Волунтари и Бихор во седмото коло од плејофот за романската Супер лига донесе победа од 2-1 за домашниот тим, но ќе се памети по сосема необична ситуација во последните минути.

Драмата се случи во 90-тата минута кога играчот на Волунтари, Александру Гиц, претрпе сериозна повреда, поради што беше потребно брза помош да влезе на теренот за да му укаже помош и да го транспортира во болница.

Сепак, тогаш се појави неверојатен проблем – поради силниот дожд, теренот беше целосно натопен, па возилото не можеше да се помести.

На крајот, играчите од двата тима мораа да реагираат и да ја искористат својата комбинирана сила за да го турнат амбулантното возило од теренот, што овозможи играта конечно да заврши.