Претседателот на Комората на Северозападна Македонија, Нухи Алиу во емисијата Бизнис21 на ТВ21 изрази уверување дека економскиот раст од над 3%, кој го прогнозира Владата, е остварлив доколку продолжи поддршката за приватниот сектор.
„Мислам дека како бизнис заедница можеме да го реализираме планираниот раст од повеќе од 3%. Владата, според она што го гледаме, сериозно работи на создавање услови за подобро финансирање на компаниите, преку обезбедување кредити со пониски каматни стапки“, изјави Алиу.
Тој посочи дека еден од клучните фактори кои даваат надеж за позитивен економски тренд е финансиската инекција што ја добија компаниите од државата, што, според него, веќе дава резултати на терен.
Алиу очекува дека ваквиот пристап ќе придонесе за зголемување на инвестициите и продуктивноста, како и за подобрување на конкурентноста на домашните компании на пазарот.