Бизнисмените Јахоски и Капушевски обезбедени од полицијата!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Попладнево полицијата ги обезбеди бизнисменот и поранешен директор на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, Ратко Капушевски и сопственикот на „Пуцко Петрол“, Асмир Јахоски, дознава ТВ21.

Ова следува по денешната координирана акција против компании и поединци кои набавувале мазут, а кој што го загрозува здравјето на граѓаните и животната средина.

ОЈО-ГОКК потврди дека моментално се вршат претреси на неколку локации низ Скопје.