Благоја Милевски: Ќе им порачам на момците да уживаат во натпреварот!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски со пофални зборови за фудбалерите на македонскиот национален тим. Вели дека е горд што имал можност да работи со една ваква група, која ја има сега. Пред утрешниот меч со Белгија, не ја пропушти можноста да ги пофали сите за досегашниот тек од квалификациите за СП и досегашниот учинок. Вели неговата цел кога ја превземал селекторската палка била да создаде респектабилен состав, кој би бил меѓу најдобрите во Европа.

-Горд сум на нашите фудбалери, не само на овие квалификации, туку на сето она што го покажаа во изминаите 8 години, во Лига на нации, со конкурентноста во нашата група, речиси обезбеден плеј-офф за СП, втор пат по ред. Атмосферата во нашиот тим што владее е нашата движечка сила, вели Милевски, кој притоа додава:

-Максимален респект за Белгија, тие и натаму се фаворит во групата. Имаат инзвореден играчки ростер, потенцира селекторот на Македонија. На прашањето што е она што ќе им го порача на фудбалерите пред да истрчаат на теренот против Белгија, Милевски кусо одговори:

-Ќе им кажам да уживаат во натпреварот.

Дефанзивецот Висар Муслиу вели дека мора да одиграат дисциплинирано, сите како еден, бидејќи лесна мисија немало никогаш, а особено против селекција каква што е Белгија.

-Лесна мисија нема, тоа знаме уште од собирот. Иако го нема Лукаку тука ќе биде Опенда, Батшуаи и другите, можеби не се на ниво на Лукаку, ама се фудбалери на ниво од ЛШ. Како тим треба да се спротивставиме на еден од најдобрите напади и офанзивни играчи. Треба да одиграме дисциплинирано, сите да бидеме на ниво како во Скопје и да ја постигнеме целста, вели Муслиу.

Мечот се игра во петок во 20:45 на Планет Груп Арена во Гент, Белгија.

Од Гент, Белгија, за ТВ21 Един Растодер.