„Од денеска почна да функционира меѓуграничната соработка меѓу Косово и Северна Македонија, односно Оне стоп шоп во Блаце и Елез Хан, каде два гранични премини се претворија во еден. Како што гледате зад мене администрацијата на косовската полиција е стационирана тука кај граничниот премин Блаце, македонскиот дел, додека другиот дел ќе остана на администрацијата на македонската полиција.“, вели репортерот на ТВ21, Аднан Ќаили.
По долго време, викенд без колони на Блаце. Овој долгоочекуван ден се одложуваше со години. На граничниот премин Блаце, од денеска почна да функционира интегрираниот систем на една граница меѓу Македонија и Косово. Граѓаните оптимисти дека нема да има веќе долги колони и ќе заштедат време.
АНКЕТА
Верувам дека да, за сите граѓани ќе биде полесно.
Дали често патувате?
Да, патуваме!
Да ви кажам право, добро е, можеби ќе биде уште подобро со Оне Стоп Шоп!
Дури во случаи кога може да има зголемен сообраќај, полициските службеници се опремени со преносливи таблети, кои имаат интегриран систем за гранична контрола и можат да проверат повеќе возила во еден ред.
„Подобро да има една контрола, не е добро без контрола бидејќи било што поминува тука, подорбо е се да биде под контрола“, вели еден граѓанин.
За овој настан, владите на двете држави одржаа церемонија. Во своите говори порачаа дека ќе се зајакне соседството, но и економијата со заштеда на време за патници, стоки и услуги меѓу државите.
„Инициран во 2021 година, новиот модел на заеднички граничен премин Блаце, заснован на принципот влез-излез, е пример за конкретен и практичен напредок и знак за зголемување на довербата меѓу нас. Отсега граѓаните ќе се проверуваат само при влез во земјата домаќин, додека податоците ќе се разменуваат во реално време преку заеднички технолошки систем.“, вели Албин Курти, премиер на Косово.
Според граничните власти на двете држави, минатата година над 5 милион граѓани поминале на трите гранични премини меѓу Македонија и Косово.