Блерим Рамадани и случајот „Монструм“ – тема на дискусија меѓу Курти и Мицкоски во Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Косовскиот премиер Албин Курти и премиерот на Македонија Христијан Мицкоски на денешната средба во Скопје разговарале и за поранешниот припадник на ОВК Блерим Рамадани, кој беше уапсен од македонските власти, но и за прашањето за екстрадицијата на двајца осуденици за предемтот Монструм, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири од Косово.

За двете прашања рекоа дека министрите за правда ќе бидат во постојан контакт и дека се ќе се одвива според законот и уставот.

„Случајот на двајцата осудени беше покренато во институциите на Косово, сега предметот е кај Специјалното обвинителство на нашата земја и исто така и за тој што е задржан во Северна Македонија, кој веќе не е во затвор, но по барање на Србија за екстрадиција. Дискутирано е овој случај и верувам дека ќе се заврши што поскоро да е можно, и двајцата и законот да се спроведе но и да се одржат нашите добрососедски односи.“, рече Курти.

Инаку, Блерим Рамадани беше приведен на 17 јули на граничниот премин Јажинца врз основа на потерница издадена од Судот во Белград преку Интерпол. Тој првично беше задржан во затворот Скопје, но во моментов е пуштен и е во домашен притвор во Скопје, каде ќе остане до 16 август.

Во случајот со Африм Исмаиловиќ и Алил Демир, новодојдениот прв човек на Министерството за правда, министерот Игор Филков веднаш се потпиша на барањата за нивна екстрадиција. И двајцата се осудени за тероризам.