Американскиот секретар Ентони Блинкен денеска повика на зачувување на демократијата во политички и етнички поделените општества.
Во долгиот разговор со претседателот на Кенија Ухуру Кенијата, од каде ја почнува африканската турнеја, Блинкен ги пофали напорите на земјата за ублажување на судирите во Етиопија каде се влошува кризата.
Блинкен изјави дека Кенија е пример за инклузивна демократија и покрај предизвиците со кои се соочи на неодамнешните избори.
Тој разговарал со Кенија насамо час и половина, иако средбата требало да трае десет минути.
– Мораме да работиме заедно. Мислам дека примерот што го даваме како две силни демократии, во време кога демократиите се соочуваат со некои предизвици, е поважен од кога било, рече Блинкен по средбата со Кенија.
Блинкен сака да ги подобри засега неуспешните американски дипломатски напори во решавањето на продлабочените конфликти во Етиопија и Судан и да се спротивстави на растечките бунтови во други земји, како што е Сомалија.
Повеќемесечниот ангажман на американските дипломати, вклучително и посетите на Етиопија, Кенија и Судан, не донесе голем напредок.
