Блокирањето на Пошта закана за 2300 вработени, синдикалците бараат од Владата прашањето да стане приоритет

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Скоро еден месец откако отиде во стечај Еуростандард Банка, парализирана е работата на Македонски пошти, бидејќи целиот платен промет се одвиваше преку оваа банка.

За да ја изразат нивната загриженост, реагираше Синдикатот на ова институција.

Пред да почнат, еден од нив ја зема чантата со себе, се плашеше од Влада.

„Овие крадат тука. . .“

Претседателот на синдикатот тврди дека одењето во стечај на Еуростандард Банка направи штета врз работата на Пошта  која последните 20 дена има голема финансиска загуба.

Побараа од Владата, Пошта да стане прашање со приоритет и итно да се донесе одлука за склучување договор со некоја друга банка, за стабилизација со покривање на загубите, кои според него, секој ден се поголеми.

Велигденов вели дека засега не се доведени во прашање платите на вработените. Тој дури смета дека не постои ризик од банкрот на Пошта, сепак додава дека ситуацијата е сериозна и лесно може да се претвори во финансиска криза, па затоа побараа итна средба со Премиерот за да се најде решение.

Оптимист дека пошта нема да оди во стечај е и генералниот директор, Ејуп Рустеми, кој пред два дена за ТВ21 рече дека се надева дека Владата наскоро ќе даде одобрение за започнување на постапка за избор на друга банка.

„Итноста во пошта е многу голема, ние што побрзо треба да избереме банка за да продолжи платниот промет во пошта, но исто така сме под притисок на времето што побрзо да избереме банка но истовремено ќе ги почитуваме сите постапки за да имаме транспарентна постапка.“, рече Рустеми.

Премиерот Зоран Заев вети брза одлука. Последниот извештај на Државниот завод за ревизија покажува дека од 2012 година Пошта работи со загуба од околу 10 милиони евра. Пандемијата ги парализираше меѓународните пратки, нешто што донесе само загуба, а одењето во стечај на Еуростандард банка ја влоши уште повеќе ситуацијата.