Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски не знае точно дали автопатот Кичево-Охрид ќе заврши во предвидениот рок до крајот на годинава. Избегнувајќи го прашањето, рече дека на овој автопат се работи интензивно и дека деловите кои ќе бидат готови ќе бидат пуштени во употреба.
Според првиот вицепремиер Артан Груби, кон средината на септември ќе започнат работите на терен за коридорот 8, кај гостиварско Дебреше.
-Го рехабилитираме Коридорот 8, кон средината на септември ќе започнат работите од страна на компанијата Бехтел и Енка, со првата експлозија која ќе се случи во Гостивар, и ве покануваме заедно да го проследиме тоа-изјави Груби.
Државните функционери денеска во Тетово извршија надзор на работите кои се во тек за рехабилитација на овој автопат, а директорот на Државни патишта, Ејуп Рустеми најави модернизација на патарините во Желино и Глумово.
