Бочварски-Закоњшек: Заеднички работиме на унапредување на транспортниот систем во Република Северна Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска оддржа работна средба со директорот на постојаниот Секретеријат на Транспортната заедница, Матеј, Закоњшек.


На средбата се разговараше за инвестициите во делот на патната и
железничката инфраструктура финансирани од средства на ЕУ, како и од други меѓународни финансиски институции.


Акцент на средбата беше ставен и на подигнување на безбедноста на
патиштата. Министерот Бочварски ги презентираше проектите што ги
реализира Министерството за транспорт и врски за зголемување на
безбедноста, посебно на патниот Коридор 10.


Се отвори и прашањето за значењето и модернзација на патните и
железничките гранични премини со земјите членки на ЕУ, во насока на
забрзување на протокот на патници, стоки и услуги.

Од страна на директорот на Секретаријатот, Матеј Закоњшек, упатена покана до министерот Бочварски за учество на Министерскиот состанок закажан за следниот месец во Брдо кај Крањ, Република Словенија.