Важно секој да си ја земе работата во свои раце и секој да си ја поднесе одговорноста, смета градоначалникот на општина Ценатр, Саша Богдановиќ. Иако не сакаше конкретно да одговори на кои институции мисли, сепак рече дека доколку сите си ја вршеле работата за која земаат плата, многу работи ќе беа поинакви и немаше да се реализираат планови кои се спротивни на Генералниот урбанистички план.
„Сите предмети ги доставуваме до надлежни институции, аман заман превземете нешто. Значи иамме неусогласен план, стручни комисии го докажале тоа постапуваме по тоа, поднесуваме, ама ако некој не го фати за гуша тој што направил план во 2012 година, тој што го одобрил, џабе ние расправаме сега. Уставен суд вика дека тоа е законски, уставен суд вика дека е точно дека се надминати параметрите, ама не сте во право.“, рече Богдановиќ.
Богдановиќ денеска побара помош од претседателската на Антикорупциската комисија во спроведување на предмети поврзани со донесување на деталните планови, за кои Општината има почнато постапки. На ова од антикорупциска на Богдановиќ му порача да побара суспензија на сопрниот ДУП за висококатниците кај Холидеј Ин.
„ДКСК постапуваше по повеќе предмети кои беа поврзани со овој спорен ДУП и со продажбата на локацијата и дадовме препораки и укажувања на Општина Центар за можните ризици од корупција и влијанието на сопствениците врз планерите при подготовка на планот. Поради правни недоречености и бавни одговори на надлежните институции, тука ќе го споменам Министерството за транспорт и врски и соработката со Општина Центар, овој план се уште не е под суспензија. Го охрабрувам градоначалникот да размисли пред да ја донесе одлуката за давање на дозвола на планот да ги испита сите можности за да го стави плаот под суспензија и да не донесува дозвола за градење за план кој не е во согласност со генералниот урбанистички план“, вели Ивановска.
Откако беше обелоденето дека на парцелата кај хотелот „Холидеј ин“ се предвидува изградба на три згради од 15, 20 и 25 ката и излезе и идејното решение на проектот, граѓаните преку петиција со која собираат потписи на социјалните мрежи, порачаа дека нема да дозволат да никнат бетонски чудовишта во срцето на градот. Висококатниците кои треба да се изградат кај „Холидеј Ин“ предвидено е да имаат 400 станови во кои би требало да живеат околу 1 200 до 1 300 луѓе, рече архитектот Мартин Пановски во гоствуање на Телма, каде беше презентирана и фотографија од изгледот на проектот. Ахритектот Пановски тврди дека проектот е со пешачко движење, отворена комуникација кон плоштад и зеленило.
