Богдановиќ позитивен на коронавирус

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ на својот Фејсбук профил посочи дека добил позитивен тест за коронавирус.

Тој вели дека останува во домашна изолација.

„И покрај заштита за целото време на пандемијата на КОВИД-19, резултатот од тестот кој го направив утринава, откако почувствував покачена телесна температура е позитивен. Останувам во домашна изолација и ги следам инструкциите на лекарите. Вирусот е опасен и непредвидлив. Одржувајте дистанца, носете заштитни маски и почитувајте ги препораките на надлежните институции, затоа што само така, сите заедно, можеме да излеземе од борбата против пандемијата на КОВИД- 19“, посочува Богдановиќ.