Догогодишната традиција со фрлањето на крстот во водите ширум земјава ќе биде прекината поради пандемијата со корона вирусот. Министерот за внатрешнивработи, Оливер Спасовски изјави дека имале состанок со МПЦ на кој што е договорено да не се одржи церемонијата за утрешното празнување на Водици
„Јас уште еднаш апелирам и до верските заедници, апелирам и до граѓаните да ги почитуваат овие мерки затоа што се работи за нас и самите треба да направиме се, да си поомогнеме самите на себе. Така да ќе имаме зголемени активности меѓутоа најважно ќе биде сите да се придржуваме . Јас очекувам дека ќе бидеме на висина на на задачата и на утрешниот ден. Секако тој што нема да почитува ќе сноси одговорност“, истакна Оливер Спасовски..
ТВ21 стапи во контакт со отец Сашко Николовски од кого побаравме мислење како ќе се чествува утрешниот празник.
„Фрлање на крстот во реката Вардарр нема да има. Значи празникот ќе се чествува на начин што ќе се служи света литургија во храмовите и ќе се освети богојављенска водичка. Оние верници кои ќе сакаат да си земат од богојављенската водичка ќе си дојдат во црква и ќе си земат. Но манифестација за фрлање на крстот во реката Вардар оваа година нема да имасо оглед на околностите и болеста која што владее“, посочи Сашко Николовски.
Поради пандемијата и почитување на мерките за заштита од коронавирусот најмасовната црковно народна манифестација, која векови наназад се случува, годинава е откажана и во балканскиот Ерусалим.
„Годинава нема да биде организирано традиционалното фрлање на Светиот крст во водите на Охридското Езеро од градското пристаниште во Охрид. Поради пандемијата од Ковид 19, празникот Водици ќе биде одбележан само во црковните храмови со утрински богослужби и осветување на вода, со која ќе биде извршен Богојавленскиот водосвет на езерото“, вели Константин Георгиевски.
Георгиевски упати апел до граѓаните да се воздржат од масовно групирање и капење во езерото. При посетата на храмовите задолжително да ги почитуваат препораките за заштита, да носат заштитни маски и одржуваат дистанца.
