„Македонски концепт“ вечерва ја завршуваат кампањата со музички хепенинг во Градскиот парк во Скопје. Петар Богојески за крај на кампањата упати две пораки.
„Ја завршуваме кампањата со музички хепенинг. Имам две пораки, една е масовно излезете на гласање, и само така ќе донесеме одлука. Втората порака е да донесеме избор меѓу нормалното и ненормалното.
Ако сте освестени дека Заев и Мицкоски сте едно исто, и нема никаква разлика, и ако сте одлучени да донесеме нормална држава, тогаш гласајте за бројот 10“, рече Богојески.
