Богојески: По коронавирусот, избори на 21 или 28 јуни

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Петар Богојески од Македонски Концепт во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 посочи дека оптималниот датум за изборите е 21 јуни или евентуално 28 јуни.

„Според нас правилна одлука на Уставниот суд, сосема очекувано и мислам дека по завршување на вонредната состојба, тоа пред се зависи од претседателот и комисијата за заразни болести, доколку е надмината оваа здравствена криза, тогаш изборите продолжуваат таму каде што застанаа пред да се случи прогласувањето на вонредната состојба“, истакна Богојески.

Целото интервју ќе може да го погледнете во 19:10 минути на ТВ21.