Бојан Миовски официјално е нов играч на Џирона!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски официјално од денеска е нов играч на шпанскиот тим Џирона.

Ова следува по рекордниот трансфер од Абердин во редовите на тимот што минатата година беше хит во Ла Лига и сезонава ќе игра во Лигата на шампиони.

„Напаѓачот Бојан Миовски се пресели во Жирона во зделка која на Абердин му обезбеди рекордна сума“, се вели во соопштението.

Како што јавуваат медиумите, трансферот е вреден околу 6,8 милиони фунти, но одредени извори пишуваат дека Абердин може да инкасира и до 9 милиони фунти.