Болка, тага и солзи во домот на семејството Муслиу, госпоѓа Нафије бара помош за нејзиниот внук кој останал сирак

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Тага, болка и длабока немаштија во домот на семејството Муслиу од Кичево….

Ова е госпоѓа Нафије која пред неколку недели го изгуби 28-годишниот син, кој пак, во аманет ѝ го оставил неговиот син. Отсекогаш живееле под кирија во различни станови во Кичево.

-Поминаа две недели откако почина син ми. Ми го остави малиот внук како аманет. Живееме под кирија, киријата е поскапена низ цело Кичево…“.

Госпоѓа Нафије низ солзи раскажува за желбата на нејзиниот син – да има своја куќа што ќе му ја остави во наследство на синот, а не да го расте како кираџија. Но, откако тој заминал во вечното почивалиште, со себе ги однел и своите желби, и своите неостварени соништа.
Сега, Нафије има само една цел – да го доврши она што не успеал син ѝ, за тој да може мирно да почива на другиот свет.

-Не е добро ни за мене да се појавувам на телевизија, не е лесно, но ова го правам за да му ја исполнам желбата на син ми за да може мирно да почива на оној свет. Сакам да го вдомам внукот, и јас сум болна, имам преживеано инфаркт. Ги молам нашите луѓе да ми помогнат. Никого Господ да не го стави пред ваков предизвик, дури и непријателот. Со оваа болка излегов пред народот…“, рече Нафије Муслиу.

Госпоѓа Нафије вели дека таа е сопственик на земјиштето, но бара од хуманите луѓе да ѝ помогнат да изгради барем две соби за нејзиниот внук и снаата.

-Барам куќа за внукот и снаата, да бидат мирни затоа што снаата ми вели дека никогаш нема да се премажи и да го оставам син ѝ во туѓи раце. Ми вели – мамо сакам да бидеш крај мене, за син ти да почива мирно на другиот свет. Не знам, не можам со оваа болка… Господ да не му го даде ова никому. Оваа болка не може да се издржи. Но, јас ќе станам силна само за ова момче затоа што ми го остави во аманет.“, рече Нафије.

Нафије вели дека ѝ е тешко да бара помош од луѓето, но додава дека ова е единствениот начин да му помогне на својот внук. Сите надежи ги гледа во хуманите луѓе кои ќе ѝ излезат пресрет и ќе ѝ подадат рака.

ТЕЛЕФОНСКИ БРОЕВИ НА СЕМЕЈСТВОТО
070719670 и 072697348

БРОЕВИ НА ЖИРО СМЕТКА

UNIBANK 240337113499523
IBAN:MK07 240337113499523