Болница „Пирогов“: Пациентите во стабилна состојба

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Од софиската болница „Пирогов“ денеска излегоа со соопштение околу состојбата на повредените пациенти од страшната несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија.

Од таму велат дека сите пациенти се во стабилна состојба.

„Нема опасност по нивните животи. Две од лицата кои исто така се во добра општа состојба се оперирани вчера. Повредените кои биле на интензивна нега денеска се пренесени на одделението на Клиниката за изгореници и пластична хирургија. Едно лице од повредените денеска треба да биде оперирано“, велат од Пирогов.

Од таму се додава дека со оглед на шокот од она што се случи и тешките психо-трауми, пациентите добија специјализирана психолошка поддршка од болницата.