Борбата со коронавирус ја изгубија 15 лица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.143 тестирања, а регистрирани се 1.039 нови случаи на коронавирус.

Борбата со коронавирусот ја изгубија 15 лица.

  • Починати се шест пациенти од Прилеп (65, 65, 69, 69, 69 и 72 години)
  • Починато едно лице од Скопје (73 години)
  • Починато едно лице од Дебар (60 години)
  • Починато едно лице од Велес (71 години)
  • Починато едно лице од Битола (64 години)
  • Починато едно лице од Кавадарци (66 години)
  • Починато едно лице од Демир Хисар (84 години)
  • Починато едно лице од Свети Николе (56 години)
  • Починато едно лице од Кичево (55 години)
  • Починато едно лице од Ресен (84 години)

Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 56.164, бројката на оздравени пациенти е 33.892, на починати е 1.561, а бројот на активни случаи изнесува 20.711.