Борел: Засилување на мисијата Алтеа во Босна и Херцеговина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

 Шефот на европската дипломатија предупреди дека се можни обиди за дестабилизација во Босна и Херцеговина и регионот, јави дописничката на МИА од Брисел.

Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, ова го изјави денеска по министерскиот совет за одбрана на ЕУ каде се разговараше за состојбата во Украина и помошта од ЕУ.

-Решивме да мобилизираме резерва за операцијата Алтеа, 500 мажи жени ќе ги зајакнат силите на терен, ова е зајакнување на нашиот капацитет за да ја контролираме ситуацијата, ова е внимателен и пропорционален знак за да се одржи стабилноста во Босна и Херцеговина која се соочува со можни обиди за дестабилизација на Балканот, рече денеска Борел на прес конференција.