Борис Џонсон поднесе оставка

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Откако повеќето владини функционери му свртеа грб, тој мораше да попушти и да се откаже од функцијата на која тврдоглаво се држеше.

Борис Џонсон денеска ќе поднесе оставка. Но, тој вели дека сака нов лидер на ториевците до партиската конференција во октомври. Дотогаш сака да остане премиер, објави Би-би-си.

Би-би-си додава дека новиот премиер ќе биде познат наесен.