Борисов: Гласав за промена на промената

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Треба да размислиме што зборуваме за да не го прекршиме законот, изјави рече поранешниот премиер на Бугарија Бојко Борисов, кој традиционално гласа во Банкаја.

– Многу е важно да ја промениме „промената“. „Промената“ ни донесе најскапа струја – 300-350 лева, сакаме да ја вратиме на 80 лева. Починатите во последните 14 дена не донесоа на првото место по смртност во целиот свет, рече Борисов.

– Сакаме да ја запреме промената секој понеделник да се влече по половина милијарда и да не знаеме за што е тоа. Со сета нивна дрскост утре ќе направат уште половина милијарда лева долг, рече лидерот на ГЕРБ.

– Сите инфраструктурни проекти се замрзнати, северот и северозападот се осудени на пропаст. Земјоделството е на дното, нема субвенции, додаде тој.

– Сакам двојно да ги золемам платите на лекарите и медицинските лица, сакам да продолжам да ги зголемувам платите на наставниците, додаде тој.

– Промената на промените е исклучително важна! Ние сакаме демократија. Никој да не кажува што ќе прави додека не завршат изборите. Кој е колку е добар кажува бугарскиот народ!, изјави Борисов.