Од бугарското министерство за здравство истакнаа дека премиерот Бојко Борисов ќе мора да плати казна од 150 евра затоа што не носел заштитна маска во црква. Во Бугарија на сила е носење маска во секоја затворена просторија.
Сите личност кои не носеле маска во текот на посетата на Бојкот Борисов на црквата во манастирот во Рила, ќе бидат казнети.
„Борисов, новинарите и камерманите немале маска, и сите ќе бидат казнети“, порачуваат од министерството.
Не е прецизирано дали ќе бидат казнети и свештениците кои исто така немаа маска.
