Утрово на софискиот аеродром, средба остварија премиерот на Бугарија, Бојко Борисов и министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Османи патуваше во Швајцарија и во Шпанија, каде ќе оствари посета во овие две земји, и го искористи моментот да се сретне со Борисов.
Разговарано било за односите, а Борисов му порачал на Османи дека во иднина преговорите мора да бидат базирани на разум, а не на емоции.
„Мораме да се подготвиме преговорите да ги правиме со разум, не со емоции. Нашата геостратешка цел е таа“, му рекол Борисов на Османи.
Притоа, Борисов испратил специјални поздрави до премиерот Зоран Заев и претседателот Стево Пендаровски.
