Борисов одбил дебата со Асен Василев и побарал со Румен Радев

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поранешниот премиер на Бугарија и лидер на ГЕРБ Бојко Борисов одби да одржи дебата, како што предложи копретседателот на „Продолжуваме со промените“ и поранешен привремен министер за финансии Асен Василев.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Борисов ја одбил поканата со образложение дека Асен Василев не е во неговата категорија.

Тој се спореди себеси со познатиот француски фудбалски клуб „Пари Сен Жермен“, велејќи дека сите сакале дебата со него, а тој сакал да игра контрола со „Пари Сен Жермен“ и да се трка со Мбапе, рече тој на брифингот на седиштето на неговата партија.

Тој ги праша новинарите дали го прашале Румен Радев дали ќе учествува на дебата со Анастас Герџиков и Лозан Панов.Борисов го покани Румен Радев на дебата. Бугарскиот претседател Радев од своја страна накратко за БТВ изјави дека одбил и дека кога го предизвикал Борисов да се кандидира како кандидат за претседателските избори во Бугарија, го имал на ум тоа. Сега повикот за дебата со Борисов, според Радев, бил непотребен.