Божиќни украси се појавија во Загреб

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Иако има уште скоро два месеци до Божиќ, божиќни украси веќе започнаа да се појавуваат низ улиците во Загреб.

Имено, челичен „бор“ на кои има и светилки беше поставен на пресекот на улиците Селска и Загорска во Паркот на праведните меѓу народите.

Украсите пак, пристигнаа во продавниците уште во септември.

Photo: Josip Regovic/PIXSELL

Инаку, илјадници луѓе практикуваат рано украсување во домот поради тоа што има корисен ефект врз нивното ментално здравје.

„Постојат многу причини зошто некој сака да става украси порано, а сепак најважна е носталгијата за магија. Во свет полн со стрес, луѓето бараат работи што ги прават среќни, а Божиќните украси ги будат оние посебни чувства поврзани со среќата и детството“, вели психологот Стив МекКоун.

Раниот божиќен дух се појави и во БиХ, поточно во Бугојно, каде сопственикот на еден ресторан реши да ги развесели своите сограѓани со рано украсување на Божиќ.