Братот на Мбапе дебитираше за првиот тим на ПСЖ – има само 15 години

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Братот на ѕвездата на француската фудбалска репрезентација, Килијан Мбапе, 15-годишниот Итан Мбапе дебитираше за сениорскиот тим на ПСЖ.

На местото на Фабијан Руиз, помладиот Мбапе го одигра второто полувреме во пријателската победа на францускиот шампион од 2-1 против локалниот ривал ФК Париз.

Заедно со младите играчи во ПСЖ играа и некои искусни првотимци како Серхио Рамос, Марко Верати и Ренато Санчес. Итан Мбапе минатата година потпиша тригодишен договор со ПСЖ, игра во средниот ред, а е и француски репрезентативец до 16 години. Тренерите на Академијата на ПСЖ го опишуваат како елегантен и интелигентен играч од средниот ред и наведуваат дека е голем талент.

Да потсетиме, Килијан Мбапе во тоа време настапуваше на Светското првенство каде постигна пет гола, исто како и Лео Меси. Тој во недела ќе игра со Франција во финалето против Аргентина, а на Светското првенство во Русија во 2018 година е прогласен за најдобар млад играч на турнирот.