Бразил загуби уште една легенда – почина најдобриот стрелец на бразилската лига

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Поранешниот бразилски фудбалер и најдобар стрелец во историјата на бразилското првенство, Роберто Динамит (68), почина по долго и тешко боледување, соопшти неговиот поранешен клуб Васко де Гама.

„Со голема болка и огромно жалење мораме да ја објавиме смртта на најголемиот идол во историјата на клубот, Карлос Роберто де Оливеира, Динамит, на 69-годишна возраст од рак на дебелото црево. Најголемиот нè напушти. соопшти клубот од Рио де Жанеиро. Динамит посвети дури 29 од неговите 68 години на Васко де Гама. Клупскиот дрес го носеше повеќе од 20 години, беше и претседател на клубот, а се занимаваше и со политика.

За клубот од Рио постигна дури 708 гола и се уште го држи рекордот по постигнати голови во националниот шампионат (190) пред Фред (158), Ромарио (154) и Едмундо (153) и Зико (135).

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва на социјалните мрежи се прости од „големиот во историјата на Васко де Гама и бразилскиот фудбал“. Му се восхитував на неговиот напаѓачки фудбал, со толку моќен удар со левата нога што го доби и својот прекар“, напиша шефот на државата.

Наречен поради гол во дебито

Роден во Дуке де Каксиас, сиромашно предградие на Рио, Де Оливеира го доби прекарот Динамит на 17-годишна возраст, откако постигна прекрасен гол на своето професионално деби против Интернасионал на стадионот Маракана.

Се испроба и во Европа, во 1979 година потпиша за Барселона, но по само една сезона се врати во татковината. Во репрезентацијата на Бразил, тој постигна 20 гола на 38 натпревари, играјќи на Светските првенства во 1978 и 1982 година.

На последниот ден од минатата година тој објави твит во знак на почит на Пеле, неговиот „вечен идол“, кој почина на 29 декември, исто така од рак.