Бразилскиот претседател за починатите 5.000 лица: „Па што? Жал ми е, но што сакате да направам?“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро уште еднаш се најде во центарот на вниманието откако даде иронична изјава околу коронавирусот.

Бројот на починати во Бразил достигна 5.000 лица, а одговорајќи на прашањето на новинарите, Болсонаро рече:

„Па што? Жал ми е. А што вие сакате да направам“, рече Болсонаро на прашање околу починатите, пренесува „Си-Ен-Ен“.

Нешто подоцна го корегираше својот ироничен говор.

„Жал ми поради оваа ситуација. Изразувам солидарност кон оние кои ги изгубија своите сакани. Но тоа е животот, утре може јас да бидам жртва“, рече Болсонаро.