Еве ја новата иднина. Ќе биде добро….Да, токму како што вели. Конечно. Земјата всушност се обедини, остави се зад себе и рече „не“. Ние гласавме, демократијата победи и тоа е голема победа за демократијата и токму за ова се работи.
Џеф Хадсон – поддржувач на „Брегзит“
Британските европратеници, кои го поддржуваа Брегзит, Европскиот парламент го напуштија со песна и марш.
А, потоа следуваше и отстранувањето на британското знаме од Европскиот совет.
Со извикување „Збогум ЕУ“ приврзаниците на Брегзит се обидоа да го запалат знамето на Европската унија, но веројатно беше изработено од квалитетен материјал, па нивните обиди завршија безуспешно.
Во Берлин, граѓаните се собраа против заминувањето на Велика Британија. Ја пееја официјалната химна на ЕУ „Ода на радоста“.
За британскиот премиер, ова не е крај, туку нов почеток.
-Нашата задача како влада, мојата задача е да ја обединиме земјата и да одиме напред. Најважното нешто што треба да се каже вечерва е дека ова не е крајот, туку е нов почеток.
Борис Џонсон – премиер на Велика Британија
Но, во тој нов почеток Велика Британија ќе биде сама, без земјите од ЕУ. Претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лејен порача дека односите никогаш нема повеќе да бидат исти.
-Ние сакаме да имаме најдобри можни односи со Велика Британија, но никогаш нема да бидат добри како членството. Нашето искуство нè научи, дека силата не лежи во поделена изолација, туку во нашата уникатна Унија.
Урсула Фон Дер Лејен – претседателка на Европската комисија
Лидерите ветија декаќе ги бранат интересите на ЕУ во преговорите кои следуваат со Велика Британија.
Порачаа дека Велика Британија веќе нема да ги ужива истите придобивки како земјите-членки по нејзиното заминување.
Британците гласаа да ја напуштат ЕУ на референдум во јуни 2016 година, а владата официјално ја извести Унијата за намерата да замине во март 2017 година.
Бидејќи Велика Британија го заврши 47-годишното членство во ЕУ, таа влезе во преоден рок почнувајќи од саботата, за време на кој ќе преговара со ЕУ за трговски договори и врските меѓу земјата и ЕУ.
