Европската унија работи на предлог да се казни Словачка за „поткопување на демократските норми“, што може да доведе до суспензија на средствата за Братислава од фондовите на Заедницата, пишува агенцијата Блумберг.
Европската комисија се подготви да започне постапка за барање одговорност од Братислава за одлуката на премиерот Роберт Фицо да го укине специјализираното обвинителство кое ги надгледуваше случаите на корупција поврзани со фондовите на ЕУ. Процесот е во рана фаза и бара одобрение од претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен.
Над 80% од јавните инвестиции во Словачка се финансирани од фондовите на ЕУ. Секој потенцијален проблем со финансирањето може да биде голем удар за земјата-членка на ЕУ и еврозоната, која веќе се соочува со проблеми поради големите финансиски дефицити.
Истовремено, словачкиот премиер Роберт Фицо, кој беше тешко ранет во престрелка на почетокот на годинава, предупреди дека може да има уште еден обид за атентат, јави ДПА.
100% сум убеден дека ќе има уште еден обид за убиство на нашиот претставник доколку опозицијата и некои медиуми не престанат со тоа што го прават“, вели Фицо. Според неговите зборови, либералната опозиција создава агресивна клима и ги демонизира владетелите.
