Велика Британија и Украина постигнаа договор за заем од 2,26 милијарди фунти (околу 2,73 милијарди евра) за поддршка на одбранбените капацитети на Украина, изјави украинскиот министер за финансии Сергеј Марченко.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и британскиот премиер Кир Стармер, заедно со британската канцеларка Рејчел Ривс, вечерва остварија видео-повик со Марченко, јави Би-Би-Си.
Марченко на социјалните мрежи напиша дека средствата се „обезбедени со замрзнати руски средства“.
