Британка посвоила 14 деца од Африка

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Македонија тргнува по кинеската вакцина? – Вакцинација во февруари, прво ризичните групи

Вакцината е инструментот за спас од коронавирусот, а кај нас со имунизација започнуваме за еден месец, вели министерот за...

Сообраќајна несреќа меѓу автомобил и брза помош на раскрсницата кај ЕУ Инфо Центар

Сообраќајна несреќа меѓу автомобил и возило на Брзата помош се случила попладнево на раскрсницата кај ЕУ Инфо Центарот. Засега нема...

ОВР Прилеп поднесе девет кривични пријави поради злоупотреба на службена положба и овластување

ОВР Прилеп поднесе поднесе кривична пријава против девет физички и две правни лица и тоа: М.Р.(49)- тогаш во својство...

Земјотрес почувствуван во Македонија, епицентарот во Албанија со јачина 4.4 степени по Рихтер

Земјотрес со интензитет 4,4 степени според Рихтер ја потресе Албанија. Епицентарот е во Драч, на длабочина од 10 километри. Земјотресот бил...

Груби: Лапсус на Меџити, прашањето е за Ахмети – Меџити: Не е лапсус! Груби да не се крие зад лидерот

Продолжуваат превирањата меѓу интегративците Меџити и Груби. Последното беше околу Насер Зибери, кој вчера беше избран за нов Народен правобранител,...

 Млада Британка пред осум години отишла како доброволна помош во африканската земја Танзанија, па одлучила да посвои 14 деца оттаму, за „да ги спаси од улица“, како што вели самата.

Лети Мекмастер помислила да ги посвои децата, кога видела како персоналот во домот се однесува со нив. Луѓето ги земале парите што децата ги добивале од донации, ги хранеле еднаш дневно, физички и психички ги малтретирале…

Наместо предвидениот еден месец, таа минала три години во Африка, сѐ дури домот за сирачиња не бил затворен. Тогаш, таа сфатила дека повеќето деца така остануваат на улица, па повела постапка за посвојување. Првично ѝ припаднале девет деца – и девојчиња и момчиња, а годините потоа кај неа вселила уште пет деца. Сите денес живеат во гратчето Тунбриџ Велс во округот Кент, југоисточна Англија.

– Некои од нив ме сметаат за мајка, а други ме гледаат како постара сестра. Јас сум посветена на нивното воспитание, најдобро што можам и многу сум среќна што имам две семејства, изјави Мекмастер за „Сан“.

Момчињата и девојчињата што ги посвоила, денес тренираат фудбал, свират на музички инструменти и редовно одат на училиште. Освен што посвои 14-мина, Мекмастер во меѓувреме отворила и прифатилиште каде што деца од улица секоја недела се хранат и добиваат нова облека од донации.