Британска компанија флашира чист воздух – цената е вистинска „ситница“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Компанија од Велика Британија започна полемика на социјалните мрежи благодарение на продажбата на стаклени шишиња полнети со „најсвежиот крајбрежен воздух“, по цена од 105 долари за шише.

„Коуст кепчр ер“ започна со флаширање на свеж воздух и продажба на истиот како сувенир или како повод да се разговара за важноста на чистиот воздух, но тогаш луѓето од загадени области, наводно, започнале да го купуваат својот производ за практични цели, вдишувајќи „чист, свеж крајбрежен воздух“ секој ден, пишува „Одити сентрал“.

Оваа компанија дури ги сподели и своите впечатоци за тоа како нивниот производ помага да се потиснат ефектите од загадувањето на воздухот, поради што продажбата продолжила по цена од 105 долари за практично празно стаклено шише.

Сепак, оваа компанија не е единствениот продавач на ваква необична ставка, постои друга компанија која продава „конзервиран свеж воздух од канадските планини“ и друга чиј најпознат производ е „мирисот на француското село“, но она по што „Коуст капчр ер“ се издвојува е цената.

Над 100 долари за шише 700 милилитри исполнето со воздух се чини бесмислено, сепак, оваа компанија цената ја оправдува со трудот да „се обезбеди и флашира само најдобриот крајбрежен воздух во Корнвол“.

„Секое стаклено шише со потпис на „Коуст капчр ер“ го задржува свежиот крајбрежен воздух во својата најчиста форма, директно од природните и чисти брегови на Велика Британија. Нашите избрани локации за внес на воздух се обично рурални, незагадени од човечки влијанија или машини и честопати се далечни и тешки, и пристапот до таквите идили се ретки. Затоа, она што го фаќаме е од скапоцено и исклучително потекло”, се наведува на веб-страницата на компанијата.

Тие исто така наведуваат дека користат високо чувствителна опрема за да обезбедат чистота на секое шише.

Сепак, со цена од 105 долари за шише, Coast Captain Air го продава вториот најскап воздух. Првото место го зазема компанија од Швајцарија, која продава швајцарски планински воздух собран на тајна локација на Алпите за 167 долари за шише.