Британската принцеза Јуџин го откри името на своето дете

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Британската принцеза Јуџин, внука на кралицата Елизабета Втора и нејзиниот сопруг Џек Бруксбанк му го дадоа на синот името Август Филип Хоук Брусбанк, соопштија денес од Бакингемската палата.

Првото дете на парот се роди на почетокот на овој месец, а името Филип што го зеде е израз на нежност кон неговиот дедо, сопругот на кралицата принцот Филип (99), кој во моментов е хоспитализиран, пренесува Ројтерс.

„Парот беше трогнат од честитките и добрите желби што ги добија по повод раѓањето на нивното прво дете“, се вели во соопштението.

Детето на принцезата Јуџин е деветтата внука на британската кралица Елизабета Втора.