Британски борбен авион се урна во Средоземното Море, пилотот се катапултирал

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Британски млазен авион F35 од главниот британски носач на авиони ХМС Кралица Елизабета (HMS Queen Elizabeth) се урна во Средоземното Море, а пилотот се катапултирал.

Не е прецизирано каде се урнал авионот во Средоземното Море.

Не се сметаа дека станува збор за непријателска акција, а истрагата ќе покаже дали се работи за техничка или човечка грешка.

– Пилотот сигурно е вратен на бродот и истрагата е започната, така што би било несоодветно да се коментира подетално во овој момент, соопшти британското воено воздухопловство.

Новата генерација борбен авион РАФ Ф35 вреден 100 милиони фунти е во морето и допрва треба да биде извлечен.

Осум британски авиони Ф35 се на носачот заедно со десет американски Ф35. Тие се Б варијанта на млазниот авион Локхид Мартин, кој може да полета на мала оддалеченост и да слета на носач.

ХМС Кралица Елизабета се враќа во Велика Британија по повеќе од седум месеци на море на нејзиното прво патување на Далечниот Исток и назад.