Брнабиќ: И помагаме и на Северна Македонија за вакцините против ковид-19

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Милошоски: Заев потврди дека на Македонија и треба нова Влада, власта нема капацитет да излезе од кризата

Во денешната изјава од Охрид, Антонијо Милошоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во македонското Собрание, на...

Заев најави можна соработка со опозицијата: Сакам да отворам дебата за заедничка власт и Влада!

Премиерот Зоран Заев изјави дека е подготвен да разговара со опозицијата за идно формирање на Влада за национален спас....

Во моментов низ инфективните одделенија и болниците се лекуваат 795 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 492 пациенти...

Концерт во Израел, на трибините смеат само вакцинирани

Повеќе стоици лица кои се вакцинирани против коронавирусот, присуствувале во петокот на концерт на отворено, кој го организирала управата...

Рамчиловиќ: Формирањето една изборна единица од исклучително значење за македонската демократија

Пратеникот во Собранието, Зеќир Рамчиловиќ даде поддршка на предлог законот за измени на Изборниот законик со кој се предвидува...

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ во емисијата „Добро утро Србија“ истакна дека Србија и помага и на Северна Македонија околу вакцините против ковид-19.

„Имаме договор, разговараа премиерот на Северна Македонија Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ. Вучиќ реши да им помогне со 8.000 вакцини. Ние помагаме да се регистрираат вакцините „Фајзер“ во Северна Македонија. Ние работиме со нив. Проблемот може да биде во тоа што тие примиле вакцини „Фајзер“, но не биле регистрирани. Поентата не е само да се дојде и да се купи вакцината, има многу повеќе работи зад завесите. Регистрација од соодветната агенција, план за вакцинација. Ние сме една од ретките земји што имаме соодветен информативен систем. Нашите граѓани знаат да аплицираат за вакцината, сè е транспарентно. Слушнав приказни од луѓе од други земји каде велат дека немаат идеја како да се пријават, кои им се приоритетни групи“, посочи Брнабиќ.

Таа додаде и дека утринава ја надминале бројката од 50.000 вакцинирани лица.