Брод спасил 65 мигранти во близина на островот Гавдос во близина на Крит, објави денес грчкиот весник „Катимерини“.
Мигрантите наводно биле лоцирани на отворено море 30 наутички милји јужно од Гавдос.
Тие биле забележани од брод на Фронтекс, Европската агенција за гранична и крајбрежна стража, кој брзо се упатил кон областа и безбедно ги собрал.
