Генералниот секретар на Алијанса за Албанците смета дека Владата со новото мнозинство нема да потрае долго. Како што вели „ќе потоне“ многу брзо, бидејќи, како што додава, следната година ќе има предвремени парламентарни избори.
„Бродот на СДСМ тоне. Дали ќе може да се одржи стабилноста? -И да имаат 67 пратеника, проблем е да се избалансира сѐ внатре ако Заев биде заменет со некој друг. Можеби и грешиме, но јас лично мислам дека 2022 ќе биде изборна година“, истакна Арбен Таравари.
Таравари не ја исклучува можноста на следните избори да соработуваат со Беса на Биљал Касами, партија, со која, како што вели, имаат коректни односи.
„Не знам, имаме коректни односи. Во овој случај морам јавно да кажам дека Беса го одржа зборот. Беа во Влада, одлучија да излезат со цел да се формира мнозинство за уривање на оваа Влада и во ниту еден момент не одлучија да седнат и повторно да поразговараат со г.Заев“, додаде Арбен Таравари.
Структурата на АА се расцепи од ДПА, бидејќи Тачи не поднесуваше оставка од лидерската функција иако доживеа пораз. На прашањето дали очекува оставка од Села, Таравари со одговор:
„Тачи 15-16 години беше претседател на партијата, не поднесе оставка. Села 4-5 години е претседател на партија. Се согласувам дека треба да дискутираме за овие прашања. Зијадин не е истрошена фигура. Го кажувам своето мислење како член на централното собрание. Тука има многу членови кои ќе ги изнесат своите ставови“, додаде Арбен Таравари.
Инаку, наскоро се очекува да заседава Централниот одбор на Алијанса за Албанците, а потоа и Конгресот на кој тема ќе бидат внатрепартиските прашања.
