Бројката на жртви во пресметките во Рио де Жанеиро се зголеми на 64 лица, загинаа и четворица полицајци

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку 64 лица, меѓу кои и четворица полицајци, беа убиени во престрелка меѓу полициските сили и локални криминалци во Рио де Жанеиро.

Како што објавува порталот „Глобо“, 81 лице е приведено во рамките на голема специјална операција во квартовите на северниот дел на Рио де Жанеиро, по што имало пукање.

Членовите на бандата одговорија на пристигнувањето на полицијата со огнено оружје, палејќи ги барикадите, а исто така лансираа и дронови со бомби кон полициските сили.