Бројот 112 за итни случаи доби зелено светло, се краделе знаци за печки за ајвар – ЦУК предупредува на поплави

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во иднина, пријавувањето на несреќи, пожари, ризици и опасности ќе може да се направи на единствениот број 112.

„Вчера во Собранието поминаа измените и дополнувањата на Законот за управување со кризи, со кои што 112 доби поинаков третман и луѓето кои што ќе работат во овој сектор, единствен телефонски повикувачки број ќе добиваат 30% зголемена плата.“, рече Ангелов.

Сега во земјава има четири броеви, полиција, пожарна, брза помош и управуање со кризи, а со воведувањето на бројот 112 сите повици од цела држава ќе се примаат во главниот центар сместен во просториите на ЦУК, од таму повиците ќе се пренасочуваат кон оној за кого е наменет повикот.

Се планира и поставување на камери за рана детекација на пожари, но првиот човек на ЦУК, Стојанче Ангелов стравува дека истите ќе бидат украдени.

„Има идеја за поставување на камери, специјални камери кои што можат да детекритаат чад и пламен од 20 до 30 километри, но секој пат во Македонија се појавува еден проблем, знаат тие камери да бидат украдени. Луѓето од сообраќајни знаци прават печки за печење на ајвар, на пиперки за ајвар.“, кажа Ангелов.

Во дебатиниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, беше издадено и предупредување за поплави во есенскиот период.

„За неколку недели сметано од сега, можеби и за еден месец, следат поплави во Македонија, затоа што ваквите суши вообичаено после тоа се појавуваат поплави. Статистички, тоа не значи дека ќе има поплави, уште од сега ги предупредувам градоначалниците и сите оние кои што раководат со одводните канали да се фатат со работа и истите да ги исчистат.“, вели Ангелов.

Синоќа во студиото на ТВ21 се дискутираше и за нефункционалните ер-трактори, како и милионските штети предизвикани од пожарите во чие гаснење помогнаа и од соседните земји за кои Ангелов рече дека се добива погрешна слика дека токму биле клучни за гаснењето.