Бројот на активни случаи се спушти под 500

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство денеска информираше дека регистриран е само 1 нов случај на коронавирус во Македонија, додека пак 3 лица ја изгубиле битката.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на пандемијата изнесува 155.418, бројката на оздравени пациенти е 149.496, додека пак бројот на починати изнесува 5.458.

Бројката на активни случаи во Македонија се спушти под 500, и денеска изнесува 464.