Бројот на починати од коронавирусот во Кина се зголеми на 425 лица заклучно со понеделникот, соопшти Националната здравствена комисија.
Новите случаи се во централната провинција Хубеј.
Бројот на заразени од коронавирус во Кина е зголемен на 20.438, а меѓу нив се наоѓа и едномесечно бебе, објавија кинеските медиуми.
Според информациите коронавирусот кај бебето е дијагностициран вчера во провинцијата Гуџу.
