Бројот на загинати во Либан се искачи на 558

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бројот на загинати во израелските напади врз Либан оваа недела се искачи на 558, соопшти либанскиот министер за здравство.

Според Фирас Абиад, меѓу загинатите има околу 50 деца и 94 жени.

Либанските власти вчера изброиле 492 смртни случаи.

Бројот на ранети луѓе се зголеми од 1.645 на 1.835, додаде г-дин Абиад.

Тој рече дека загинале четворица болничари, а ранети се 16 болничари и пожарникари.