Вакцинацијата против коронавирус започна во многу земји во светот. Македонија се уште чека.
Изгледа дека првите дози на вакцината ќе бидат од Ковакс системот, но не е познато кога и колку ќе пристигнат. Министерот за здравство,
Венко Филипче, не одреди време, но рече дека вакцината може да стигне пред март.
Филипче додаде дека затворањето на угостителските објекти даде резултат и веднаш започна намалувањето на бројот на заразени. Тој исто така истакна дека ако се избегнат прославите и се почитуваат мерките, можеби нема да имаме друг бран на вирусот.
Во меѓувреме, во некои градови кои немаа болнички капацитети и услови за справување со Ковид-19, се монтираат модуларни болници за лекување на заразени пациенти.