Трагичниот биланс на загинати на железничката несреќа во Грција, во близината на Лариса продолжува да расте. Според најновите информации, уште три безживотни тела се најдени под вагоните, па така бројката се искачи на 47 лица.
Се стравува дека бројот и натаму ќе расте, со оглед дека потрагата и натаму трае.
Портпаролот на противпожарната бригата Епипарагос Јоанис Артофиос, денеска за РТ зборуваше за напредок на потрагата по тела. Акцијата на извлекување на тела траеше и во текот на ноќта.
Ситуацијата за спасувачите е отежната, со оглед на фактот дека сударот бил многу силен.
„Има луѓе во многу лоша состојба поради сударот и згмечувањето на двата вагони“, рече портпаролот на противпожарната служба кој го опиша настанот како шокантен.
