Лесно се подготвува, а ќе ви требаат само дваесет минути додека не биде готов и подготвен за дегустација.
Состојки:
- 1 кг бисквити
- 1 литар јогурт
- 50 гр шеќер во прав
- 500 гр измиени и сечкани јагоди (или некое друго овошје по избор)
- 300 мл шлаг
- маргарин или путер за да се премачка тепсијата
Подготовка:
Во поголем сад додадете ги искршените бисквити, па прелијте со јогуртот и сè измешајте. Додадете го овошјето и додадете шеќер во прав, па соединете сè.
Тепсијата премачкајте ја со маргарин или путер, а потоа ставете ја смесата. На крај изматете го шлагот и премачкајте го преку колачот.
Тортата ставете ја во фрижидер, бисквитот би било добро да омекне целосно преку ноќ.