Бучински: Сточарството е во колапс, секојдневно се продаваат цели стада!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Борче Бучински од здружението „Пелагониско поле“ во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 истакна дека сточарството во Македонија е во колапс.

Како што вели, секојдневно на социјалните мрежи може да се видат продажби на цели стада.

„Губиме моментално околу 9 денари по литар млеко за разлика од 2024 година. Тогаш беше 33-34 денари откуп, а сега од 25-28 денари по литар млеко. Се оди нагоре. Затоа е и намалувањето на стоката, се празнат шталите, секојдневно по порталите имаме некој да продава цели стада, значи не е една крава или овца, туку цело стадо“, вели Бучински.